
1Нанесување на хемикалија соодветна за возилото (платно или кожа), четкање или усмукување на истата (процесот се повторува до чистење на сите флеки и нечистотии).

Нанесување на хемикалија на сите пластични делови од внатрешноста на возилото пребришување и повторување на постапката до добивање на саканиот резултат.

Чистење со вода и хемикалија на тешко пристапни места и делови зафатени со р'ѓа, масло или уље. Постапката се повторува додека деловите станат кристално чисти.

НА ВАШЕТО ВОЗИЛО МУ ТРЕБА СПА ТРЕТМАН?

Потикнати и мотивирани од светски примери ние создаваме нешто што на нашиот пазар е уникатно и оргинално.

Основната цел и мисија на Кар Спа Центар претставува беспрекорна и детална грижа за моторните возила. “Оставете ги деталите за нас” е нашето мото, додека целосна трансформација и комплетно чисто возило е она за кое што ние се залагаме и сме спремни навистина да го сториме за моторните возила на нашите клиенти.